недела, 11 јануари 2026

Македонија со три различни лета отпатува кон Данска за ЕП

Македонските ракометари го завршија настапот на „Жолтиот куп“ на втората позиција.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

По крајот на турнирот националниот тим замина од Винтертур уште утрово, а отпатува кон Данска со три промени на лет. Поради итноста на патувањето и слабата поврзаност ракометарите летаат од Цирих до Франкфурт, па до Билунд и на крај до Силкеборг.

Токму Силкеборг ќе биде нашата база во следните неколку денови, поточно до 13 јануари, а дури потоа ќе се пресели во соседен Хернинг.

Доколку нема доцнење Кирил Лазаров ќе одржи тренинг попладнево во 19:00 часот во Силкеборг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ