Победата над Унгарија беше утешна во претквалификациите кои ги завршивме на последното место.
Денешниот натпревар не менуваше ништо кога е табелата во прашање, но е многу значајна за стекнување на самодоверба на момците на Илиевски.
Речиси целиот натпревар помина во доминација на Македонија, која имаше пад само на почетокот на второто полувреме.
Вајли со 23 поени беше најефикасен во македонската репрезентација, Таовски додаде 14, а Митревски 12.
По ова, следува настап во првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029 кои треба да почнат во ноември.






