Овој меч беше и деби за Шпанецот Жосеп Марија Берокал во улогата на селектор на македонската репрезентација.
Нашите кошаркари одиграа одлично, особено во првото полувреме и на крајот со девет разлика го совладаа Луксембург кој ни е единствениот конкурент за првото место во групата.
Македонија во еден период од мечот имаше и плус 20 поени разлика (54-34), но Луксембург до крајот успеа да намали од нашата позитива и да се избори за пристоен пораз од 79-70.
Најефикасен во нашта репрезентација беше Андреј Јакимовски со 17 поени, Ефремовски постигна 13, но најдобар на теренот беше Итан Хап со 15 поени и 14 скокови.
Следниот натпревар Македонија го игра во понеделник кога во Баку ќе гостуваме на селекцијата на Азербејџан.






