Момците на Кире Лазаров на денешниот натпревар покажаа две лица, слабо во првото полувреме и супериорно во вториот дел.
Украинците на чело со нивниот фантастичен голман беа подобри во првото полувреме кое го добија со 17-13.
Но, македонските ракометари се разбудија по паузата, одиграа фантастичен втор дел, комплетно го свртеа резултатот и на крајот дојдоа и до убедлива победа од 31-26.
Најефикасен во нашиот состав беше Филип Кузмановски со седум голови, четири постигна Ѓорѓиев.
Утре од 18 часот Македонија го игра последниот меч на „Жолтиот Куп“, противник ни е Швајцарија.






