Македонија победи на гостински терен кај Казахстан и ремизираше на домашен терен со фаворитот Белгија. Ваквите резултати ја искачија нашата селекција на 62. место на ФИФА ранг листата.
Аргентина и понатаму е на првото место, Шпанија е втора, во топ 10 следуваат Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.
Добрата серија резултати се очекува да ја продолжиме во септември кога ќе го пречекаме Лихтенштајн.






