Избраниците на Жозеп Мариа Берокал режираа пресврт во Баку, бидејќи одиграа опуштено прво полувреме и потоа мораа да се измачат за победата. Од стартот домашната селекција влезе мотивирано и играше на високо ниво. Тоа се одрази на резултатот кој во првиот дел во еден момент беше 43-25 за Азербејџанците. Сепак, до крајот на првиот дел направивме добра серија со која на одмор заминавме со минус од 44-37.
Во продолжението Македонија и без повредениот Војдан Стојановски се наметна, а предводена од Андреј Јакимовски полека, но сигурно го презеде водството. Во завршницата дури и поведовме со максимални десет поени (63-73). На крајот македонските кошаркари победија со осум поени разлика, а со си обезбедија виза за следната квалификациска фаза. Во последниот претквалификациски циклус Македонија ќе гостува во Луксембург и ќе ја дочека Ирска.
Андреј Јакимовски го заврши мечот со 22 поени у осум скока, со што беше лидер на тимот, а двоцифрен беше уште Стојан Ѓуроски со десет.






