Благодарение на победата над Романија и ремито со Португалија, Македонија се најде во шеширот на носители кои ќе играат само еден бараж.
А денешната ждрепка ни го донесе потенцијалниот противник, тоа ќе биде победникот од дуелот меѓу Украина и Словачка.
Македонија баражот ќе го игра во мај на 13/14 и 16/17. Како носители, првиот натпревар ќе го играме на гости, а реваншот дома.






