понеделник, 14 јули 2025

Македонија против Израел ќе игра без публика поради ситуацијата со Иран

Одбојкарската репрезентација на Македонија престојниот викенд во Струмица ќе биде домаќин на третиот турнир од Европската лига на кој противници ќе ни бидат Израел и Црна Гора.

Објавено на

часот

Сподели

Поради воената состојба и тензиите меѓу Израел и Иран, Одбојкарската федерација на Македонија соопшти дека мечот против Израелците ќе го играме без публика поради нивно барање.

Тој меч се игра во петок од 20 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица.

Од истите причини без публика ќе се игра и саботниот дуел меѓу Израел и Црна Гора.

Фановите на одбојката единствен меч кој ќе може да го гледаат во живо ќе биде натпреварот против Црна Гора во недела од 20 часот.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ