вторник, 20 јануари 2026

„Македонија покажа квалитет, може да се носи со Португалија“

И покрај убедливиот пораз од 12 голови разлика, стигнуваат пофалби за Македонија од страна на Данците, еден од нивните најдобри ракометари, Матијас Гидсел смета дека можеме да се носиме со Португалија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Португалија е фаворит во дуелот со Македонија, но не е Данска, па нашите ракометари би требало да се обидат да го совладаат овој противник. Гидсел смета дека имаме шанси против Португалците

„Moжеби малку нервозно влеговме во натпреварот. Сакавме да ја почувствуваме атмосферата во салата, која беше навистина фантастична. Знаевме дека Кире Лазаров ќе стори нешто за да не изненади на тактички план. Одбраната 5-1 во првото полувреме, за момент предизвика да не играме онака убав ракомет како вообичаено. „Фластерот“ врз мене малку ме исфрли од ритам, но Лауге Шмит и Питлик го искористија просторот што се отвори и полесно ги решававме акциите. Оваа Македонија покажа квалитет и верувам дека би можела да се носи со Португалија“, кажа Гидсел.

Мечот меѓу Македонија и Португалија се игра утре (недела) со почеток од 18 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ