Македонските ракометари полека ги завршуваат подготовките за настапот на Европското првенство.
Денеска избраниците на Лазаров играа меч против данскиот тим Митјиланд кој го добивме со осум голови разлика.
Најефикасен во нашата селекција на овој натпревар беше Филип Кузмановски со шест голови, Митев и Серафимов постигнаа по пет.

Македонија настапот на Европското првенство го почнува во петок против Данска, мечот почнува од 20:30 часот.






