По ремито со Молдавија и поразот од Црна Гора на пријателските натпревари во Анталија, Македонија назадуваше на ФИФА ранг листата.
Шанса за поправен фудбалерите на Милевски ќе имаат во јуни кога ќе играме два нови пријателски мечеви, против Хрватска и Чешка.
На првото место и понатаму е Аргентина, а во топ десет се уште и Франција, Белгија, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Шпанија, Италија и Хрватска.






