понеделник, 8 декември 2025

Македонија остана во игра за прво место, но ни треба светско чудо

Белгија денеска пропушти шанса да го завери местото на Светското првенство откако одигра 1-1 на гостувањето кај Казахстан, со тоа остави теоретски шанси за прво место на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Белгијците одиграа лошо прво полувреме, Казахстан поведе уште во деветата минута со гол на Сатпаев.

Вториот дел беше сосема поинаков, Белгија изедначи веќе во 48. минута кога Ванакен постигна гол за 1-1.

До крајот на мечот Белгијците имаа многу шанси за пресврт и победа, но Казахстанците се одбранија.

Белгија во финишот играше и со фудбалер повеќе откако Чесноков заработи црвен картон во 79. минута, но ниту тоа не помогна за да победат.

Во пресрет на последното коло Белгија има два бода повеќе од Македонија, а со тоа ние имаме теоретски шанси за прво место и директен пласман на Светско првенство, но за да се случи тоа треба да се случи и чудо невидено. А тоа е Белгија да загуби дома од Лихтенштајн, а ние да го победиме Велс во Кардиф.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ