понеделник, 8 декември 2025

Македонија оди на победа во Кардиф за полесен пат до Светското првенство (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва со почеток од 20:45 часот во Кардиф против Велс го игра последниот меч од квалификациите за Светското првенство 2026.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа ќе биде директен дуел меѓу двете селекции за второто место во групата кое води во бараж за пласман на Мундијалот. Без разлика на резултатот, двете репрезентации ќе играат во баражот, но оној кој ќе оди таму преку квалификациите, ќе има потенцијално полесен прв противник.

Влез во баражот преку квалификациите ни носи место од третиот шешир во ждрепката која ќе се одржи во четврток, а место во баражот преку Лигата на нации, не става во последниот, четврти шешир.

За да ги завршиме квалификациите на третото место, денеска е потребно да не загубиме во Кардиф, за разлика од Велшаните, на нас ни одговара и реми од овој натпревар бидејќи имаме исто бодови со нив, но подобра гол разлика.

Момците на Благоја Милевски ќе дадат се од себе за да дојдат до успех и нешто полесен пат до Мундијалот до кој секако ќе треба да се стигне преку две подобро рангирани селекции од нас.

Досега со Велс сме одиграле три меѓусебни натпревари, билансот е изедначен. Имаме една победа, еден пораз и еден нерешен резултат.

Во 2013 во квалификации за Светското првенство на домашен терен ги победивме со 2-1. Головите тогаш за нас ги постигнаа Тричковски и Трајковски.

Истата година на гостински терен загубивме со 0-1.

Во првиот меч од овие квалификации со нив оваа година одигравме 1-1 во Скопје.

Фото: ФФМ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ