недела, 7 декември 2025

Македонија очекувано го прегази Азербејџан

Македонската кошаркарска репрезентација со убедлива победа од 87-49 ја совлада селекцијата на Азербејџан во првиот натпревар од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029.

Фото: КФМ

Објавено на

часот

Сподели

Азербејџан е најслабиот ривал со кој досега сме играле, па се освен убедлива победа ќе беше изненадување. Момците на Илиевски влегоа сериозно во натпреварот и дојдоа до сигурен триумф.

Македонија беше доминантна од првата до последната минута, овој натпревар беше добра увертира за дуелите кои следуваат.

Најдобар на теренот беше Андреј Јакимовски кој имаше дабл-дабл учинок, 25 поени и 11 скока, двоен учинок имаше и капитенот Војдан Стојановски со 16 поени и 11 скокови, Зеќири имаше 17 поени.

За Македонија на овој натпревар дебитираше Американецот Омари Мур кој постигна шест поени, имаше и шест скокови и девет асистенции.

Следниот предизвик за Македонија е веќе на 30. ноември кога во Даблин ѝ гостуваме на Ирска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ