Во три одиграни натпревари во групната фаза Македонија имаше една победа, едно реми и еден пораз.
Нашиот тим има втор најдобар баланс меѓу третопласираните селекции, пред нас е само репрезентацијата на Фарски Острови поради подобра гол разлика.
Утре се играат натпреварите од групата Е, но Холандија и Грузија досега не освоија ниеден бод и немаат шанси да ја стигнат Македонија.
Сепак, ова е четврто Европско првенство по ред на кое македонската репрезентација не успева да ја помине групната фаза. Последен пат тоа го направи во 2018 година на шампионатот што се одржа во Хрватска.






