четврток, 5 февруари 2026

Македонија ќе организира Европско првенство Б дивизија за кадети

Кошаркарската федерација на Македонија потврди дека ќе организира Европско првенство Б дивизија за кошаркари до 16 години.

Објавено на

часот

Сподели

Првенството ќе се игра престојното лето од 5 до 16 август, а како домаќин ќе учествува и селекцијата на Македонија.

„Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека ФИБА Европа, денеска, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на организација на Македонската кошаркарска федерација.

Како федерација, со големо задоволство и целосна одговорност, ја прифаќаме оваа одлука на ФИБА Европа, која претставува уште една потврда за довербата во нашите организациски капацитети и искуство во реализација на меѓународни натпреварувања.

Европското првенство У16 – Б дивизија ќе се одржи во периодот од 5. до 16. август, а на шампионатот ќе настапи и машката репрезентација на Македонија во оваа возрасна категорија.

Убедени сме дека нашите млади кошаркари ќе ја претставуваат државата на достоен начин и ќе дадат максимум на ова значајно меѓународно натпреварување, кое воедно ќе биде и голем празник за македонската кошарка“, стои во соопштението на Кошаркарската федерација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ