Момците на Гоце Седлоски ќе се обидат да го подобрат впечатокот од мечот против Данска кога доживеавме дебакл.
Но, на „Авив“ стадионот македонските фудбалери ќе ја немаат поддршката од Фалангата.
Стадионот до Даблин е распродаден уште пред нивниот меч со Чешка бидејќи беше јасно дека ќе играат дома без разлика дали ќе го добијат или загубат тој натпревар.
50.000 влезници колку што е капацитетот на стадионот се продадени, а по разочарувачкиот пораз од Чешка дали сите кои купиле билет ќе отидат на мечот против Македонија, останува да се види. Како и да е, билети за утрешниот меч нема.






