На Игрите во Кортина, Милано нашето знаме со олимписка изборена норма ќе го бранат четири олимпијци.
Ставре Јада и Ана Цветановска ќе бидат наши претставници во нордиско трчање. Двајцата ќе се натпреваруваат на трките на 10 километри, како и на спринтовите во машка и женска конкуренција.
Во алпско скијање претставници на Македонија ќе бидат Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски. Тие ќе се тркаат во конкуренција слалом и велеслалом.






