недела, 14 декември 2025

Македонија ќе игра пријателска со Саудиска Арабија како загревање за Лихтенштајн

Фудбалската репрезентација на Македонија во септември ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија, на три дека пред квалификацискиот дуел против Лихтенштајн.

Објавено на

часот

Сподели

На 7 септември Македонија му гостува на Лихтенштајн во рамките на ново коло од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Три дена пред тоа, нашата репрезентација ќе одигра пријателски меч против Саудиска Арабија. Дуелот ќе се игра на стадионот Викторија во Прага.

Македонија досега два пати се сретна со Саудиска Арабија, еднаш во Ријад и еднаш во Абу Даби. Во Ријад играше на 1 август 2001 година и тој меч заврши без победник (1-1), додека мечот во Абу Дабу беше на 22 октомври 2022 година и на него Саудијците победија со 1-0.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ