недела, 14 декември 2025

Македонија ќе игра на ново одбојкарско Европско првенство, четврто по ред

Македонската одбојкарска репрезентација убедливо со 3-0 (25-13, 25-16, 25-17) во сетови ја победи Грузија и се пласираше на четврто Европско првенство по ред, овој шампионат во 2026 година ќе се игра во Бугарија, Финска, Италија и Романија.

Објавено на

часот

Сподели

Уште еден голем успех на македонските одбојкари, нашата репрезентација го продолжува континуитетот на настапи на континенталните собири. Таму одиме како една од најдобрите пет второпласирани селекции во квалификациите.

Денеска ни беше потребна максимална победа над Грузија, дојдовме лесно до неа и го заверивме пласманот.

Македонија вечерва беше најубедлива во првиот сет кој го добивме со 25-13. Грузијците во вториот земаа 16 поени, а во третиот во кој имаа и водство од 11-9, земаа 17 поени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ