На последниот натпревар на Тренто од осминафиналето на Еврокупот против Венеција (94-90) биле претставници на Валенсија за да го скаутираат Македонецот.
Шпанскиот клуб подолго време го има Јакимовски во својот радар, а тренерот Педро Мартинез лично е заинтересиран за негов ангажман. Според информациите, Валенсија е сериозно заинтересирана и би можела следното лето да се обиде да го доведе Јакимовски во своите редови, со што Македонија би добила уште еден кошаркар во Евролигата.
Јакимовски пред доаѓањето во Тренто настапуваше во НЦАА лигата во САД, каде играше за Вашингтон стејт и Колорадо, а во меѓувреме се наметна и како еден од лидерите на македонската репрезентација.






