вторник, 20 мај 2025

Македонија ја победи Литванија, одиме на уште едно Европско првенство

Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Литванија со убедливи 26-17 и се пласираше на уште едно Европско првенство, момците на Кире Лазаров одиграа страшен натпревар. Ова за нашата репрезентација ќе биде осмо учество на континентален собир по ред, вкупно девето.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија ја оствари целта, ја победивме Литванија и го продолживме континуитетот на настапи на големите ракометни смотри.

Македонските ракометари одиграа фантастичен меч и лесно и убедливо го совладаа противникот кој пред натпреварот велеше дека во Скопје е дојден да победи.

Лошо го отворивме мечот, Литванија на стартот имаше серија од 4-0, но како одминуваше натпреварот нашите ракометари ја топеа позитивата на противникот и брзо го свртеа резултатот. На полувремето водевме со 13-11.

Брзо во вториот дел дојдовме до предност по која беше јасно дека Литванија нема што да бара, Македонија имаше гранитна одбрана, а бевме одлични и во нападот постојано полнејќи ја мрежата на противникот и зголемувајќи го водството. Конечниот резултат гласеше 26-17.

Мартин Томовски со десет одбрани повторно царуваше на нашиот гол, најефикасни беа Кузмановски и Серафимов со по пет голови.

За Македонија ова ќе биде осмо учество на Европско првенство по ред, вкупно деветто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ