недела, 14 декември 2025
ОДЛИЧНО ИЗДАНИЕ И УБЕДЛИВА ПОБЕДА

Македонија ја наполни мрежата на Лихтенштајн и се врати на првото место во групата (ВИДЕО)

Македонија со убедливи 5-0 го совлада Лихтенштајн за нови три бода со кои се врати на првото место во Групата Ј во квалификациите за Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвено-жолтите“ ја оправдаа фаворитската улога против Лихтенштајн и по планот ги мина септемврискиот циклус квалификации за мундијалот во САД.

Вечерва избраниците на Милевски славеа со убедливи 5-0 и се вратија на првото место во Групата Ј.

Резултатот беше отворен по 15. минути игра, Елмас имаше одличен соло продор, се ослободи од неколку противници и ја затресе мрежата за 1-0.

Лихтенштајн потоа одолеваше до крајот на првиот дел, но квалитетот на Македонија дојде до израз на стартот од вториот дел.

Барди погоди за 2-0 во 52. минута, а Чурлинов реализираше за 3-0 во 56. минута.

Во финишот беа постигнати два нови погодоци, Ќамили убаво се снајде во 82. минута и донесе 4-0, а во 90. минута, Станковски се најде осамен на подалечната статива и погоди за конечни 5-0.

Со овие три бода, Македонија сега има 11 по пет кола, еден повеќе од Велс и 4 повеќе од Белгија, која има и два натпревари помалку.

ФОТО: fb/Фудбалска Репрезентација на Македонија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ