Полска е фаворит во овој двомеч, особено во денешниот дуел на кој беа домаќини.
На почетокот Македонија беше рамноправна до резултат од 5-4 за Полска, потоа домаќинките направија серија и на полувремето заминаа со позитива од шест гола, беше 14-8.
Во вториот дел Полска стигна и до двоцифрена позитива, беше 21-11, се чинеше дека ќе доживееме катастрофален пораз, но следуваше најдобриот наш париод.
До крајот на мечот Македонија направи серија од 7-1 и конечниот резултат гласеше 22-18.
Со осум гола во нашите редови најефикасна беше Сара Ристовска, а по два постигнаа Гакидова, Коларовска и Дамјановска. Голманките Мицевска и Петковска собраа по четири одбрани.
Реваншот се игра во сабота во Битола од 19 часот.