сабота, 12 јули 2025

Македонија го прегази САД и го освои 25. место на младинското Светско првенство

Ракометната репрезентација на Македонија до 21 година го декласираше САД со 47-28 во борбата за 25. место на младинското Светско првенство кое се игра во Полска.

Објавено на

часот

Сподели

Нашите ракометари го почнаа натпреварот на одличен начин и по 10 минути игра имаа предност од 10-1. Македонија го контролираше ритамот и во продолжение на првото полувреме и постојано ја зголемуваше предноста до 24-13 на полувреме.

Американците не успеаја да ја вратат неизвесноста во вториот дел, додека Македонија продолжи да доминира на теренот и на крајот триумфира со убедливи 47-28.

Најдобар стрелец во редовите на Македонија беше Белистојаноски со седум голови, додека по пет постигнаа Субашевски, Шулески и Калајџиески.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ