петок, 9 јануари 2026

Македонија го победи Бахреин на стартот од „Жолтиот куп“

Ракометната репрезентација на Македонија со 32-28 го совлада Бахреин во првиот меч од „Жолтиот куп“, подготвителниот турнир кој се одржува во Швајцарија и е финална подготовка пред настапот на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот од овие натпревари не е важен, целта е да се воигра нашата селекција колку што е можно подобро пред почетокот на континенталниот собир.

На денешниот меч момците на Кире Лазаров извојуваа победа иако имаше периоди каде што противникот добро се носеше со нашата репрезентација.

На полувремето Македонија водеше со 15-13. Бахреин добро го почна вториот дел дотолку што и го сврте резултатот и поведе со 20-19. Но, македонските ракометари се соземаа, ја вратија предноста и на крајот славеа сигурна победа од 32-28.

Филип Кузмановски со девет голови беше нашиот најдобар ракометар на овој натпревар.

Нашата репрезентација утре од 17:45 игра против Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ