вторник, 16 декември 2025

Македонија го доби противникот во Дејвис купот

Македонската тениска репрезентација денеска го доби ривалот за Дејвис купот, тоа е селекцијата на Кипар кај која ќе играме на гости.

Објавено на

часот

Сподели

По успешниот настап оваа година и промоцијата во Втората Светска група од Дејвис купот, Македонија денеска го доби првиот ривал во ова натпреварување во 2026 година. Тоа е репрезентацијата на Кипар, која ќе биде домаќин.

Термин за одигрување на мечевите е 6 и 7.февруари или 7 и 8.февруари 2026 година.
Македонскиот тим беше рангиран во групата на неносители, додека нашиот противник беше рангиран како 13. носител од исто толку тимови. Ова воедно ќе биде единствениот дуел на европски селекции.

Досега Македонија и Кипар имаат одиграно три мечеви и скорот е 2:1 во победи за Кипар. Сите мечеви досега беа одиграни како дел од Третата Евро-африканска зона.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ