Македонија Ѓорче Петров со убедливи 4-0 го доби мечот во Струмица против Беласица кој поради силниот дожд доцнеше половина час.
Башкими со 2-1 ја победи Брегалница, но и покрај поразот штипскиот тим се задржа на второто место на табелата во полусезоната.
Во ова 15. коло до прва победа во сезоната дојде тимот на Вардарски кој со 2-1 славеше против Осогово.
Натпреварот меѓу Каменица Саса и Скопје беше прекинат откако гостинските фудбалери и стручниот штаб беа нападнати од хулигани. Судиите одлучија дека нема услови мечот да се доигра. Резултатот беше 1-1 кога дуелот беше прекинат, на 20 минути до крајот. Се очекува мечот да биде регистриран со службена победа за гостите од Скопје.
Резултати:
Беласица – Македонија ЃП 0-4
Башкими – Брегалница 2-1
Арсими – Вардар Неготино 5-1
Каменица – Саса – Скопје 1-1 (прекината)
Новаци – Кожуф 0-0
Охрид – Борец 4-1
Победа – Детонит 0-0
Вардарски – Осогово 2-1
Табела: Македонија ЃП 38, Брегалница 33, Башкими 32, Арисими 29, Детонит 25, Каменица Саса 24 (-1), Охрид 24, Кожуф 22, Скопје 19 (-1), Беласица 19, Новаци 18, Победа 14, Вардар Неготино 14, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 5.






