четврток, 26 март 2026

Македонија ги дозна ривалите во борбата за следното ракометно ЕП

Европската ракометна федерација – ЕХФ ги извлече групите за следните квалификации за Европското првенство кое ќе се одржи во 2028 година.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија на ова извлекување своите противници ги чекаше од вториот шешир. Среќата посака нашата селекција да налета на Шведска од првиот шешир, како и Грција и Луксембург.

  • Групи за квалификациите за ЕП:

Група 1: Хрватска, Холандија, Литванија, Финска
Група 2: Норвешка, Австрија, Грузија, Турција
Група 3: Исланд, Србија, Украина, Естонија
Група 4: Унгарија, Фарски Острови, Црна Гора, Косово
Група 5: Словенија, Чешка, БиХ, Израел
Група 6: Франција, Полска, Романија, Летонија
Група 7: Германија, Италија, Белгија, Словачка
Група 8: Шведска, Македонија, Грција, Луксембург

Од квалификациските групи понатаму одат по двете најдобро рангирани селекции, како и четири од осумте најдобри третопласирани.

Стартот на циклусот е закажан за во ноември пред Светското првенство кое се игра во јануари 2027 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ