недела, 15 јуни 2025

Македонија ги доби противниците за Европско првенство

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ја дозна групата за Европското првенство кое ќе го играме на почетокот од наредната година.

Објавено на

часот

Сподели

Момците на Кире Лазаров се најдоа во групата Б која ќе се игра во градот Хернинг, Данска. Во нашата група е домаќинот Данска, Португалија и Романија.

Групата е тешка бидејќи во следната фаза продолжуваат двете најдобри селекции, Данска е прв фаворит, а потоа е Португалија.

Европското првенство се игра од 15 јануари до 1 февруари 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ