среда, 4 март 2026

Македонија долго водеше, но загуби во Белгија и се оддалечи од ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Белгија (26-25) во квалификациите за Европското првенство.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот во Хаселт мина во знакот на огромната борба, нашата селекција долго имаше предност и можеше до позитивен резултат, ама на крајот потфрли и загуби.

Од почетокот Македонија тргна добро и имаше предност, а на паузата водеше со 14-15. Во продолжението имавме предност во поголемиот дел, но кога беше најважно имаше грешки. Последен пат Македонија водеше со 23-24, па во финишот домаќинот казни.

Во драматичната завршница Белгијките имаа повеќе нерви и извојуваа голема победа. Македонија сега е во незавидна позиција и Европското првенство делува далечно.

Најдобар стрелец во македонскиот тим беше Јована Кипријановска со седум реализации, додека кај домаќинките се истакна Муниа Смитс со 11.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ