четврток, 26 февруари 2026

Македонија до 18 години поразена од Бугарија во Струмица

Македонската фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години доживеа пораз од Бугаријаод 1-2 на пријателскиотнатпревар кој се играше во Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија имаше предност од 1-0 по првото полувреме со голот на Флори Илази кои го постигна во 17.минута.

Но, во вториот дел Бугарија направи комплетен пресврт. Најпрво во 60. минута Мранков израмни на1-1, а во 73. минута реализираше Пејчев за 2-1 за Бугарите.

Момците на Димитар Капинковски до крајот се обидуваа да избегнат пораз, но не успеаа да постигнат втор гол.

Во сабота во бугарскиот Петрич ќе се одигра втор пријателски меч меѓу овие селекции.

МАКЕДОНИЈА до 18 години: 1. Трајков Александар, 2. Рочи Албан, 4. Варошаноски Лука, 5. Димовски Андреј, 9. Хоџа Дитмир, 10. Ангелевски Давид, 11. Мрмачовски Јован, 14. Илази Флори, 18. Велков Бојан, 20. Танчев Иван, 23. Секирски Стефан;

12. Трајковски Антониј, 3. Стаматоски Стефан, 6. Жаку Лорент, 7. Буцевски Дамјан, 8. Талески Габриел, 13. Марковски Павел, 15. Рамадани Муаз, 16. Мисајловски Славчо, 17. Османи Флорент, 19. Ѓерасов Матеј, 21. Марковски Иво, 24. Цека Назиф, 26. Сејменов Матеј;

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ