вторник, 31 март 2026

Македонија до 17 години без освоен бод ги заврши елитните квалификации

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години го доживеа и третиот пораз на квалификацискиот турнир во Крањ, овојпат загубивме со 0-4 од домашната селекција на Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

Словенија беше подобра репрезентација на теренот, а победата ја најави уште во 11-тата минута кога Јереб го отвори резултатот. Пред крајот на првото полувреме, Балажиќ се погрижи и за втор гол во нашата мрежа.

Водството словенечките фудбалери сигурно го чуваа и во вториот дел за во 82-та минута, Јереб да постигне и втор погодок за 3-0, додека во самата завршница Робин стрелаше за конечни 4-0.

Претходно нашата селекција беше поразена од Германија и Франција во двата дуели со по 2-1, па така со три порази ги завршуваме квалификациите на последното место без освоени бодови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ