ФИФА денеска ги соопшти деталите околу ждрепката за групите од Светското првенство која ќе се одржи на 5 декември.

Ако Македонија ја победи Данска во Копенхаген, а потоа го добие и финалниот дуел од баражот кој исто така ќе го игра на гостински терен, ќе се пласира на Мундијалот и ќе биде влечена од последниот шешир.
Нашата потенцијална група ќе ја дознаеме на почетокот од наредниот месец, а потоа во март треба да се избориме да стигнеме до неа.






