Гоце е Македонец од Австралија кој сакал да му помогне на прилепскиот клуб. Тој донирал спортска опрема, но таа веќе четири месеци стои на царина бидејќи никој од ФК Победа не ја подигнал.
„Собрав мали количини и подготвив спортска опрема за првата екипа – зимски јакни, дресови, шорцеви, по два пара за дома и за гости, тренерки… Сè испративме, а веќе четврти месец стои на царина. Нема слух од никој, ниту од општината, ниту од клубот. Сè што можевме направивме ние, останатото е на градот и на клубот. Не обвинувам никого, но ако некој може да ги подигне, тие се за клубот“, изјави Павелски за прилепскиот портал „Шампион.мк“.
Победа ќе испадне од Втората лига. Неизвесно беше и дали клубот воопшто ќе го почне вториот дел од сезоната. Клубот е во долгови кои никој не сака да ги подмири и да го врати клубот во позитивен колосек.






