петок, 25 април 2025

Македонците постигнуваа важни голови, Трајковски го спаси Хајдук, Чурлинов донесе победа за Јагелонија

Дел од македонските фудбалски интернационалци имаа посебно забележителни настапи за своите клубови во изминатиот викенд, пред се тоа беа Александар Трајковски и Дарко Чурлинов.

Објавено на

часот

Сподели

Хајдук беше на прагот на изненадувачки пораз од Локомотива среде Сплит, но Трајковски погоди со глава во 98. минута и го спаси хрватскиот гигант од пораз.

Јагелонија и Чурлинов имаа дерби задача, гостуваа кај Легија и се вратија дома со трите бода.

Јагелонија победи со 1-0, а единствениот гол го даде Дарко Чурлинов во 41. минута од натпреварот.

Вчера во полското првенство гол даде и Тихо Костадинов. Неговиот Пиаст го совлада Погон со 2-1, а Македонецот го постигна првиот гол на мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ