понеделник, 14 јули 2025

Магдебург го победи Фуксе Берлин и стана Европски шампион

Магдебург со 32-26 го совлада Фуксе Берлин во германското финале од Лигата на шампионите и по петти пат го крена најголемиот трофеј во клупскиот ракомет.

Објавено на

часот

Сподели

Фуксе Берлин е германски шампион, а со тоа беше и благ фаворит во овој дуел, но Магдебург денеска одигра фантастичен меч и сосема заслужено дојде до победа.

Мечот беше изедначен до првата половина од првиот дел, потоа Магдебург полека почна да се одлепува и на одморот замина со четири голови предност, беше 16-12.

Во вториот дел тие имаа комплетна контрола на резултатот, предноста дополнително ја зголемија и на крајот дојдоа до победа од 32-26 која им донесе титула Европски шампион.

Најефикасен во составот на Магдебург беше Кристјансон со осум голови, кај Фуксе Берлин, Гидсел и Теигум постигнаа по седум.

Претходно, во мечот за третото место, Нант ја победи Барселона со 30-25.

Фото: EPA

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ