понеделник, 28 јули 2025

Луј Ван Гал го победи ракот и проговори за неговата најтешката битка

Легендарниот холандски тренер, Луј Ван Гал откри нови детали во борбата со ракот која засега оди на негова страна.

Објавено на

часот

Сподели

Ван Гал во разговор за телевизиската емисија „Хумберто“, кажа дека ја победил болеста, но продолжува да оди на контроли и да ја следи состојбата.

„Пред две години бев на неколку операции и состојбата беше ужасна. Повеќе немам проблеми со ракот, но и понатаму одам на контроли на три месеци“, кажа Ван Гал.

Холанѓанецот вели дека најтешко му било кога морал да се појавува во јавноста во периодите кога водел тешка битка со ракот.

„Не чувствував ништо, страшно беше кога носев пелени. Имав многу јавни настапи и затоа носев темна облека“, открива тренерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ