петок, 23 мај 2025
Сака да повтори еден убав спомен

Луис Енрике во финалето во Минхен ќе има посебен мотив: Победа за починатата ќеркичка

Предводникот на ПСЖ, Луис Енрике ќе има посебен мотив во финалето во Минхен, стратегот сака триумф во Лигата на шампиони во чест на неговата почината ќеркичка Ксана.

Објавено на

часот

Сподели

„Светците“ вчера со 2-1 го добија реваншот против Арсенал и закажаа пресметка со Интер во финалето во Лигата на шампионите.

ПСЖ ќе има многу причини за успех, особено откако првата ѕвезда Килијан Мбапе пред почетокот на сезоната си замина поради тоа што не веруваше во проектот на клубот.

Тренерот Луис Енрике ќе има и специјален мотив, стратегот сака да победи во Лигата на шампиони во чест на неговата почината ќерка Ксана, која во 2019 ја изгуби битката со ракот.

„Се сеќавам на една неверојатна фотографија што ја имам со ќерка ми, по триумфот во Лигата на шампиони, како поставуваме знаме на Барселона на теренот. Би сакал истото да се повтори и со ПСЖ. Да, таа нема да биде тука физички, но ќе биде духовно и тоа многу ми значи“ – рече Луис Енрике пред неколку месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ