сабота, 6 декември 2025

Лудо: За десет секунди даде девет поени и донесе победа – сите се држеа за глава (ВИДЕО)

На мечот меѓу Велика Британија и Литванија се случи еден од најголемите пресврти, гостите губеа со седум поени разлика на десет секунди до крајот, Литванците го добија мечот со 89-88.

Објавено на

часот

Сподели

Ѕвездата е Игнас Саргиунас, кошаркарот на Литвос Ритас. Беше 87-80 кога тој на 9,8 секунди до крајот погоди тројка и намали на 87-83 за Британците.

Литванија направи брз фаул, а домаќинот реализираше едно од двете слободни фрлања. Сергунас даде уште една тројка, намали на 88-86, имаше уште 3,5 секунди до крајот.

Британците направија лошо додавање, ја загубија топката, а тој даде тројка и од половина терен за победа на Литванија од 89-88. Неверојатно, во салата сите се држеа за глава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ