понеделник, 9 јуни 2025

Лудо сценарио: Последното место од Серија А кое носи во ЛШ може да биде одлучено со ждрепка

Јувентус, Рома и Лацио во последното коло ќе се борат за едно место во Лигата на шампионите, а при едно навистина необично сценарио, може дури да се случи и ждрепка да решава кој ќе патува во најелитното европско натпреварување.

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на последните 90 минути од сезоната, Јувентус го окупира четвртото место на табелата, со бод повеќе од Рома и два од Лацио.

„Старата дама“ со победа на гостувањето кај Венеција ќе ги реши сите дилеми и ќе стигне до место во Лигата на шампиони, но во игра е и едно лудо сценарио, последниот патник од Калчото во најелитното европско првенство да биде одреден со ждрепка.

Според правилата на Серија А, доколку тимови финишираат со ист број на бодови, прв критериум е меѓусебните дуели.

Па доколку Јувентус и Рома финишираат со ист број на бодови, овој критериум нема да донесе разврска со оглед на тоа дека натпреварите завршија 0-0, односно 1-1.

Следни критериуми се вкупна гол разлика во првенството и постигнат број на голови.

И двата клуба можат да имаат идентични бројки доколку Јувентус загуби со три гола разлика од Венеција, а Рома одигра нерешено против Торино и постигне еден гол повеќе од „старата дама“.

На пример:

Јувентус загуби со 3-0 од Венеција, Рома одигра 1-1 против Торино и Лацио не успее да го победи Лече.

Јувентус загуби со 4-1 од Венеција, Рома одигра 2-2 против Торино и Лацио не успее да го победи Лече.

При вакви резултати, Јувентус и Рома ќе имаат ист број на бодови, ист број на дадени и примени голови, односно иста вкупна гол разлика.

Па како што пренесува Скај Италија, последното место од Калчото кое носи настап во Лигата на шампиони ќе биде одредено со ждрепка. Во канцелариите на Серија А во Милано, имињата на двата клуба ќе бидат ставени во топчиња и претседателот на Серија А, Енцио Симонели ќе изврши влечење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ