сабота, 6 декември 2025

Лудо прво полувреме во Виго, Левандовски се врати со хет-трик, Барса му се доближи на Реал (ВИДЕО)

Барселона славеше на гостувањето кај Селта со 2-4, Роберт Левандовски се врати во стартниот состав и забележа хет-трик.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ го искористија киксот на Реал Мадрид и се доближија на -3 до лидерот на табелата откако вечерва триумфираа на гостувањето кај Селта.

Во едно лудо прво полувреме со пет гола, Левандовски од пенал донесе 0-1 во 10. минута, но веќе во следниот напад домаќините изедначија на 1-1.

Левандовски во 37. минута погоди за 1-2, но Иглесиас пет минути подоцна реализираше за 2-2.

Сепак, Барселона на пауза замина со предност, Ламин Јамал длабоко во судиското надополнување на првиот дел погоди за 2-3.

Продолжението од мечот не беше толку возбудливо, љубителите на фудбалот видоа само еден погодок, Левандовски во 74. минута забележа хет-трик и ги постави конечните 2-4.

ФОТО: X/FC Barcelona

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ