Јувентус слави во пресметката со вечниот ривал Интер, домаќините стигнаа до трите бода во финишот од мечот, а херој е младиот Василија Аџиќ.
Кели ја донесе „старата дама“ во предност, Чалханоглу изедначи на 1-1 по половина час игра, но Јилдиз во 38. минута биеше прецизно за 2-1.
Чалханоглу во 65. минута повторно изедначи, за Маркус Турам да донесе пресврт во 76. минута и предност на Интер од 2-3.
Но во 83. минута, на спротивната страна Кефрен Турам возврати на ист начин, по еден прекин со глава реализираше за 3-3.
Возбудувањата кулминираа во судиското надополнување, кога младиот црногорец Аџиќ погоди од 30 метри за 4-3 и огромно славје на трибините.






