понеделник, 15 декември 2025
ДОМИНО ЕФЕКТ НА ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ

Луда трансфер битка: Ливерпул краде засилување од Њукасл, може да настрада и Манчестер Јунајтед

Ливерпул е на добар пат да го украде Уго Екитике од Њукасл, а Манчестер јунајтед може да биде колатерална жртва од оваа трансфер битката и да остане без Брајан Мбеумо.

Објавено на

часот

Сподели

Њукасл оваа недела на маса стави 80 милиони евра за ангажман на Уго Екитике, се говореше дека популарните „свраки“ ќе го соборат сопствениот рекорд за да го ангажираат напаѓачот, но последните информации велат дека ништо нема да се случи од сето ова.

Ајнтрахт Франкфурт ја одби понудата, а во меѓувреме и Ливерпул тропна на вратат ана Французинот, „црвените“ за брзо време си подадоа рака со Уго Екитике за шестгодишна соработка и тој сега сака само преселба на Енфилд.

Од оваа трансфер битка, колатерална жртва може да биде Манчестер јунајтед.

Имено, Њукасл сега се насочува кон други цели за засилување на нападот и при врвот е името на Јоан Виса од Брентфорд.

Брентфорд не сака ова лето да остане без двете ѕвезди во нападот – Јоан Виса и Брајан Мбеумо, па доколку Њукасл успеа да договори трансфер на фудбалерот од Конго, големи се шансите Манчестер јунајтед да извиси во намерата да го ангажира репрезентативецот на Камерун.

„Ѓаволите“ еден месец се обидуваат да го ангажираат Брајан Мбеумо, но преговорите запнаа откако Брентфорд ја покачи цената на 70 милиони фунти, а Манчестер јунајтед реши да не оди повеќе од 65 милиони фунти.

ФОТО: X/Brentford FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ