„Кралевите“ пред натпреварот со Мајорка се најдоа во луда ситуација која ретко се гледа – имаат повеќе повредени отколку здрави фудбалери.
Брахим Диаз попладнево е последното име кое отпадна од комбинација, откако утрово се повлече и Андриј Лунин.
Од претходно на листата со повредени се Карвахал, Лукас Вазкез, Милитао, Ридигер, Алаба, Мендри, Камавинга, Винисус и Родриго.
Тоа значи дека Карло Анчелоти може да се состави цел еден тим од повредени играчи, и нема доволно здрави фудбалери за да состави стартен состав од играчите кои се регистрирани во првиот тим.
Во моментов, на располагање се само 10 првотимци – Куртоа, Фран Гарсија, Ваљехо, Модриќ, Валварде, Себаљос, Ѓулер, Белингем, Мбапе и Ендрик.
Ова не само што носи главоболки при изборот на тимот, може да придонесе „кралевите“ на зелена маса да го загубат натпреварот со службени 0-3.
Според правилата на Фудбалската федерација на Шпанија, на теренот во секој момент мора да има најмалку 7 првотимци.