По поразот во првиот натпревар, ЛА Лејкерс мораше да реагира и да спречи Минесота да стигне до 0-2. Мечот можеби не беше убав за око, двата тима очаен шут, („езерџиите“ шутираа 34/75, „волците“ 30/79), беа направени дури 46 прекршоци, но домаќините предводени од Лука Дончиќ ја завршија работата и израмнија на 1-1.
Клучна беше првата четвртина која ЛА Лејкерс ја доби со 34-15, во овој период Лука Дончиќ реализираше дури 16 поени, односно повеќе од целиот тим на Минесота.
Во продолжението од мечот, „езерџиите“ без поголеми проблеми ја одржуваа предноста и на крајот славеа со 94-85.
Лука Дончиќ беше на чекор до трипл-дабл, мечот го заврши со 31 поен, 12 скокови и 9 асистенции. Додека пак Леброн Џејмс даде 21 поен, 11 скокови и 7 асистенции.
На спротивната страна, Џулијус Рендал беше најдобар поединец со 27 поени, 4 скокови и 6 асистенции, додека пак Антони Едвардс застана на 25 поени.
На останатите два натпревари кои утрово се одиграа во НБА, Индијана го совлада Милвоки со 123-115 и поведе со 2-0, а Оклахома стигна до триумф над Мемфис од 118-99 и поведе со 2-0.