сабота, 10 мај 2025

Луда коинциденција: Голот на Фретези постигнат во иста минута и секунда како оној на Пандев пред 14 години (ВИДЕО)

Интер синоќа со 1-2 го совлада Баерн Минхен во првиот натпревар во четвртфиналето на Лигата на шампионите, пресметката донесе луда коинциденција, победоносниот гол на Давиде Фратези падна во иста минута и секунда како оној на нашиот Горан Пандев пред 14 години.

Објавено на

часот

Сподели

Во сезоната 2010/2011, Интер триумфираше на „Алианц Арена“ со 2-3 во четвртфинале во Лигата на шампиони, а голот за победа беше делот на нашиот Горан Пандев, кој ја замолкна публиката во Минхен со погодокот во финишот од натпреварот.

Синоќешната пресметка на овие два ривали разбуди убави спомени кај „нероаѕурите“ откако Интер со 1-2 славеше против Баерн на гостувањето во Германија, но донесе и луда коинциденција.

Имено, голот за победа на Давиде Фратези падна во иста минута и секунда како оној на Горан Пандев пред 14 години – на часовникот стоеше 87:28 кога топката ја затресе мрежата.

Исто така, славјето на двајцата фудбалери е премногу слично, и Горан Пандев и Давиде Фратези го соблекоа дресот, под него и двајцата имаа бели маички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ