понеделник, 15 декември 2025

Ливерпул се пофали со засилување од 95 милиони евра

Уго Екитике од денеска и официјално е член на Ливерпул, англискиот клуб за овој трансфер на Ајнтрахт Франкфурт ќе му плати дури 95 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

80 милиони евра се фиксна сума која треба да биде платена веднаш, 10 милиони евра се во лесно остварливи бонуси и 5 милиони евра во потешко остварливи бонуси.

„Постигнавме договор со Ајнтрахт Франкфурт за напаѓачот Уго Екитике“, стои во соопштението на Ливерпул.

Екитике веднаш ќе летне за Хонг Конг каде треба да им се приклучи на новите соиграчи кои во моментов таму се подготвуваат за новата сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ