Мохамед Салах крена многу прашина во саботата вечерта кога по мечот против Лидс излезе со експлозивно интервју и најави дека неговите денови на Енфилд се избројани.
Напаѓачот се пожали дека „го пуштиле низ вода“, односно го презентирале како главен виновник за лошата форма на Ливерпул и откри дека нема никаков однос со тренерот Арне Слот.
Очигледно на „црвените“ не им се допаднале ваквите коментари, па како што пренесува новинарот Фабрис Хокинс, решено е Мохамед Салах да биде казнет.
Тренерот Арне Слот, со поддршка од раководството на клубот, одлучил да го отстрани напаѓачот од тимот за гостувањето кај Интер во Лигата на шампиони.
Еден ваков потег само ќе го зголеми јазот помеѓу двете страни и се чини дека разделбата е неизбежна, неколку клубови од Саудиска Арабија веќе се на готовс и подготвени да презентираат понуда.
ФОТО: EPA






