Ливерпул веќе го ангажираше Џереми Фримпонг во зделка вредна 35 милиони евра, а во скоро време ќе го потврди и рекордниот трансфер на Флоријан Вирц од 137 милиони евра, Германецот денеска пристигна на лекарски прегледи.
Попладнево голем број на извори објавија дека „црвените“ си подале рака и со Борнмут за трансфер на Милош Керкез, левиот бек ќе се пресели на Енфилд за нешто помалку од 50 милиони евра.
Но Ливерпул нема да запре тука и ќе продолжи да работи на тимот за новата сезона, следна цел е Марк Геи од Кристал Палас.
Дефанзивецот е на мета на Арсенал, Челси и Њукасл, но Ливерпул верува дека може да ја победи конкуренцијата.
ФОТО: fb/Crystal Palace Football Club